Истанбул ќе биде домаќин на Суперкупот, а во 2023 година и на финалето во ЛШ

Истанбул втора година по ред поради коронавирусот ја загуби организацијата на финалето во Лигата на шампионите, после синоќешниот триумф на Челси во Порто, па како компензација годинава турскиот град на Босфорот ќе го организира Суперкупот помеѓу Челси и Вилјареал, а во 2023 година ќе биде домаќин и на финалето во ЛШ.

УЕФА сѐ уште ова го нема официјализирано, но го најави турскиот министер за спорт и млади, Мехмет Касапоглу.

„Ние ги имавме сите подготовки за организација на годинешното финале во ЛШ, ентузијастички влеговме во подготовката за да има и навивачи, ама едноставно пандемијата не спречи и немаше услови за такво нешто. Немавме среќа годинава, но затоа донесовме две врвни финалиња на нашата земја, прво Суперкупот годинава, а потоа финалето во ЛШ во 2023 година“, рече Касапоглу.

Следното финале во ЛШ е во Санкт Петербург во мај догодина. Истанбул и лани го загуби финалето во ЛШ поради актуелната пандемија, па се играше во Лисабон.

Се вчитува...