Кристијано Роналдо би можел да го засили Галатасарај! Ова е сензационалната вест која доаѓа од шпанските медиуми, а набрзо беше пренесена и од турските, што предизвика лавина на внимание во Турција.
Роналдо наводно побарал од Манчестер да биде продаден, но не се појавил клуб кој сака да го ангажира. Во последно време Роналдо со својот однос ги налути навивачите и раководството на Јунајтед, па мали се шансите да остане на „Олд Трафорд“.
Турците размислуваат да испратат понуда, но прашање е колку ќе може да ја покријат неговата голема плата. Додека таа варијанта е во опција, Истанбул е на нозе во очекување на еден од најголемите фудбалери на сите времиња да го облече дресот на еден од најпопуларните клубови во Турција.
Галатасарај вчера ги потврди ангажманите на Лукас Тореира од Арсенал и Дрис Мертенс од Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА