Истанбулското дерби во Евролигата за Ефес – Фенербахче испушти +12 во последната четвртина

Актуелниот шампион на Европа, Ефес го доби дербито на Истанбул во 12. коло на Евролигата откако славеше со 84-89 на гостувањето кај Фенербахче. По изедначената прва четвртина (18-20), домаќините ги земаа работите во свои раце и до последната четвртина стигнаа до предност од +12 (72-60), но гостите не се предадоа, напротив одиграа одлично на двата дела од теренот па на крајот преку Ларкин стигнаа до победа.

Шајок беше лидер на Фенербахче со 18 поени и 3 скока, 14 поени, 5 скока и 5 асистенции додаде Де Коло, а Весели натпреварот го заврши со 13 поени. Ларкин ги предводеше гостите со 25 поени и 7 асистенции, а со 17 поени и 4 скока, односно 14 поени него го следеа Плаис и Мициќ.

Се вчитува...