Исти противници за Шкендија и во плеј-офот за Лига Европа

Единствениот преостанат македонски преставник во европските натпреварувања, Шкенија ја очекува двомеч против Карабах во третото квалификациско коло за Лигата на Шампиони.

Доколку тетовчани не успеат да го минат овој предизвик ќе продолжат со натпреварувањето во плеј-офот на Лига Европа каде интересно ќе го имаат поразениот од двомечот помеѓу Лудогорец и Ференцварош, тимови со кои би се сретнале и во плеј-офот за Лигата на Шампиони.

Натпреварите од оваа фаза се закажани за 21 и 28 август со тоа што првиот натпревар за Шкендија ќе биде во Скопје.

Се вчитува...