Барселона е противникот на Вардар во полуфиналето од фајналфор турнирот во Келн, што ќе се игра во „Ланксес арена“ на 1 јуни. „Црвено-црните“ за ривал го добија најсилниот можен противник, но историјата е на нивна страна. Имено, токму Барса беше ривалот на Вардар во полуфиналето во 2017 година, кога „црвено-црните“ славеа со голот на Циндриќ во последната секунда, за потоа наредниот ден со триумф над ПСЖ да се искачат на врвот на ракометна Европа.
За потсетување, каталонскиот гигант е единствениот што сезонава два пати го совладал Вардар. Барса најпрвин славеше во Скопје со 26-30, потоа беше уште поубедлива во Каталонија со 34-26.
Во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат Кјелце и Веспрем, реприза на големото финале од Келн во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

