Брегалница повеќе од убедливо стигна до посакуваниот пласман во елитното друштво, без ниту еден пораз во сезоната, со 23 победи и само четири ремија, реализирајќи ги на најдобар можен начин амбициите на сопственикот Кире Гогов кој веднаш по презенањето на клубот најави враќање на „сините“ во Првата лига.
Па, по завршувањето на денешниот дуел со Тиквеш и доминантната победа од 5-0, на крај фудбалерите на Брегалница, стручниот штаб, раководството на клубот, сопственикот Кире Гогов, како и градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов ја прославија заедно со најверната навивачка група „Фалангата“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА