Истокот подготвен за најголемата дерби пресметка: Тиквеш и Брегалница ќе „војуваат“ во Неготино

Тиквеш и Брегалница на првиот вистински тест во новата сезона во дербито од 5. коло денеска од 15:30 часот. Дуел кој ќе се игра во Неготино поради реконструкцијата на стадионот во Кавадарци.

Атмосферата во таборот на Добринко Илиевски е на високо ниво, и покрај фактот дека тимот апсолутно не одигра на посакуваното ниво на претходниот натпревар против Осогово. Левокрилниот дефанзивец, Михаил Маневски вели дека сето тоа е само поголем мотив да се даде максимумот против Тиквеш.

„Очекуваме тежок натпревар секако затоа што се работи за дерби пресметка меѓу двете најквалитетни екипи во лигата. Јасно ни е на сите дека против Осогово потфрливме, па сега е момент да одиграме далеку подобар натпревар, да го дадеме максимумот во Неготино и да дојдеме до позитивен резултат. Доколку ги испочитуваме зададените задачи од стручниот штаб верувам дека ќе ги израдуваме сите наши навивачи“ – вели Михаил Маневски.

Но, и кавадарчани кои во моментов се на врвот од табелата само поради подобрата гол-разлика од штипјани, силно посакуваат победа против Брегалница и во желбата за реванш за минатогодишниот пораз во Кавадарци.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (5. КОЛО)

Тиквеш – Брегалница

Каменица Саса – Кит Го

Кожуф – Победа

Осогово – Слога Виница

Плачковица – Росоман

Се вчитува...