ИСТОРИЈА: Челси ја освои Конференциската лига и ги обедини сите европски трофеи! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси испишаа историја откако станаа првиот тим кој успеа да ги обедини трите најголеми титули во европскиот фудбал, освојувајќи ја Конференциската лига. Тие вечерва во големото финале кое се играше во Вроцлав славеа над Бетис со 1-4.

Водство за номиналните домаќини на овој меч од 1-0, донесе Абде Езалзули уште во 9. минута од мечот на асистенција на Иско.

Real Betis [1] – 0 Chelsea – Abde Ezzalzouli 9'
byu/ayoefico insoccer

Иако се играше тврдо во вториот дел, сините од Лондон некако успеаја да израмнат на 1-1 преку Енцо Перез во 65. минута.

[deleted by user]
by insoccer

Само пет минути подоцна избраниците на Енцо Мареска стигнаа до целосен пресврт (1-2) со погодокот на Николас Џексон во 70. минута. На 1-3 зголеми Џејдон Санчо во 83. минута додека конечните 1-4 беа дело на Каиседо во 91. минута.

Real Betis 1 – [2] Chelsea – Nicolas Jackson 70'
byu/ayoefico insoccer

Со оваа победа Челси ги обедини сите европски меѓународни трофеи (Лига на шампиони, Лига Европа, Конференциска лига), а по 24 години шпански клуб загуби финале во европските натпреварувања.

Се вчитува...