Историја: Емил Рајковиќ како никој друг во историјата на ВТБ

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ испиша нова историја во ВТБ лигата. 44-годишниот скопјанец оваа сезона седна на клупата на ЦСКА Москва, постави пет нови рекорди во престижното првенство па сосема заслужено ја освои наградата за надобар тренер на година.

Притоа Македонецот успеа и да се запише во историјата како единствениот кој успеал да освои две награди за надобар тренер на година со два различни тимови.

Претходно тоа му помина одрака со Астана во сезоната 2018/19 кога регуларниот дел од сезоната го заврши на шестото место на табелата. Тогаш Македонецот ја доби наградата во конкуренција со Димитрис Итудис, Евегениј Пашутин, Јоргос Барцокас, Саша Обрадовиќ…

За Рајковиќ останува уште да ја круниса неверојатната сезона во титула во ВТБ лигата. ЦСКА Мосвка во моментот е во полуфиналето од плеј-офот каде има 1-1 против Локомотив Кубан.

Се вчитува...