Историја: Фудбалски меч ќе биде преигран поради грешка на ВАР!

Фудбалска историја е испишана во Белгија откако Фудбалската Федерација на оваа земја донесе одлука да биде преигран дерби дуелот меѓу Андерлехт и Генк, поради огромна грешка на ВАР-судиите со што директно се влијаело на конечниот исход.

Спорниот момент беше досудениот пенал за Генк што голманот Шмајхел го одбрани, но на топката натрча Јира Сор и ја смести во мрежата. ВАР-арбитрите го поништија голот бидејќи гостинскиот играч влегол предвреме во шеснаесетникот, по што играта продолжи со топка за Андерлехт.

Ова е огромен превид бидејќи не забележале дека заедно со Сор во шеснаесетникот предвреме беше и домашниот играч Јари Вершаер, а за таква ситуација пеналот требаше да биде повторно изведен.

Андерлехт на крајот славеше со 2-1, но од Генк бурно протестираа на огромниот судиски превид, поради што беше донесена одлука мечот да биде преигран. Ова е фудбалски преседан, кој во иднина можеме да го гледаме и во останатите земји по големите европски лиги.

Се вчитува...