ИСТОРИЈА: Хрватска освои бронза на Европското првенство во футсал

Хрватската футсал репрезентација испиша историја откако успеа да стигне до бронзениот медал на Европското првенство кое што својата завршница ја имаше во главниот град на Словенија, Љубљана.

Хрватите во малото финале во трилер меч по изведување на пенали славеа над Франција со 5-4, откако по 40 минути игра резултатот беше 5-5. Иако имаа предност од 5-3 до последните две минути, Хрватите не успеаја да се одбранат, а мечот замина во изведување на пенали.

Таму клучен беше промашениот пенал на Туре во петата серија. Во финалето вечерва ќе се сретнат најдобрите европски репрезентации Шпанија и Португалија.

Се вчитува...