ИСТОРИЈА: Јанта Волеј ја мина првата пречка во Лигата на шампионите!

Женскиот македонски одбојарски шампион Јанта Волеј испиша историја откако успеа да стане првиот тим кој што помина квалификациско коло во Лигата на шампионите.

По историската победа пред седум дена на домашен терен од 3-2, македонскиот шампион со ист резултат по сетови славеше и вечерва во реваншот кој се играше во Требиње против екипата на Гацко (26-24, 21-25, 19-25, 25-18 и 15-13).

Во второто коло одбојкарките на Јанта Волеј за противник ќе го имаат француски Ле Кане.

 

Се вчитува...