И тоа се случи – тим од Сан Марино по долги, долги години конечно да мине една рунда во европските купови. Форматот на УЕФА, со кој тимовите од најслабите земји на стартот играа меѓу себе, му овозможи на Тре Фиори да испише историја во фудбалот на својата земја, како прв клуб што успеал да мине барем една рунда во европските натпреварувања.
Фудбалерите на Тре Фиори целата работа ја завршија во првиот меч против Бала Тоун, шокирајќи го велшкиот претставник со победа од 3-0. Денешниот реванш во Велс донесе бункер од страна на гостинскиот тим, Бала таун на десетина минути до крајот стигна до водство од 1-0, но клубот од Сан Марино одолеа до самиот крај, за свое место во историјата на Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА