Историја: Ламин Јамал е најдобриот млад фудбалер за годината

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал ја освои „Копа Трофеј“ наградата на 69. церемонија на Златната топка во изборот на Л’Екип и испиша историја.

За шпанскиот фудбалер тоа е втора ваква награда во низа откако сосема заслужено беше прогласен за најдобар млад фудбалер и во 2024 година, нешто што прв пат се случува во историјата.

Како конкуренти во изборот Јамал ги имаше: Ају Буади од Лил, Пау Кубарси од Барселона, Деан Хујсен од Реал Мадрид, Десире Дуе од ПСЖ, Кенан Јилдиз од Јувентус, Естевао од Палмеирас…

Се вчитува...