ИСТОРИЈА: Леброн е кошаркар со најмногу мечеви во НБА, Дурент го надмина Џордан (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс испиша нови страница во историјата на НБА лигата.

Популарниот Крал на мечот против Орландо меџик го запиша својот 1612 натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот и со тоа го урна досегашниот рекорд од 1611 меча на легендарниот Роберт Периш.

Лејкерс го добија овој меч со тројката во последната секунда на Лук Кенард за 105-104. Дончиќ повторно беше најефикасен кај езерџиите со 33 поени, додека Леброн заврши со 12 поени. Кај поразените Паоло Банкеро постигна 16 поени.

Историја синоќа испиша и Кевин Дурант кој во победата на неговиот Хјустон рокетс над Мајами Хит од 123-122 го мина најдобриот на сите времиња Мајкл Џордан на листата на кошаркари со најмногу поени во НБА лигата. Дурант мечот го заврши со 27 поени со кои беше најефикасен во својот тим. Кај поразените Бем Адебајо постигна 32 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Оклахома 111-132, Шарлот – Мемфис 124-101, Њу Орлеанс – Кливленд 106-111, Атланта – Голден стејт 126-110, Сан Антонио – Индијана 134-119, Далас – ЛА Клиперс 131-138, Јута – Филаделфија 116-126 и Феникс – Милвоки 105-108.

Се вчитува...