Зоран Јовановски успеа да испише историја во македонското скијање, откако стана прв пара-алпски скичај од нашата држава што успеал да стигне до бодови на официјални ФИС-трки.
Јовановски заедно со Вангел Тркаљанов беа делод натпреварувањето во Зурс, Австрија. Притоа, Јовановски успеа да стигне до седмото место и да осво ФИС-точки, додека Тркаљанов за жал не успеа да ја заврши трката.
Двајцата македонски репрезентативци се надеваат на уште подобри резултати на следните трки на кои Јовановски и Тркаљанов се очекува да учествуваат во текот на оваа зимска сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

