Историја: Милнер го израмни рекордот за најмногу настапи во Премиер-лигата

Џејмс Милнер испиша историја кога влезе во игра за Брајтон во 22. минута од гостувањето против Астон Вила, со што англискиот ветеран се израмни на врвот на листата играчи со најмногу настапи во Премиер-лигата.

Првото место досега беше резервирано за Герет Бери и неговите 653 премиерлигашки мечеви, бројка што од вечерва ја стигна и Милнер, па само прашање на време е кога големиот ас ќе биде осамен во ова рангирање.

Милнер мина 23 сезони во Премиер-лигата откако дебитираше за Лидс во 2002, настапуваше за шест различни клубови, притоа освојувајќи две титули во Премиер-лигата и една во Лигата на Шампионите.

Само за споредба, Балеба, на чие место влезе Милнер на денешниот дуел, воопшто не бил роден кога овој фудбалер дебитирал за Лидс во елитното англиско фудбалско друштво.

Се вчитува...