Членовите на Меѓународниот олимписки комитет на денешното заседание во Лозана, Швајцарија донесоа одлука за создавање на „Е-Спортс“ олимписки игри.
Оваа одлука се очекува да биде потврдена на состанокот на ден пред официјалниот почеток на Летните олимиски игри во Париз по што ќе биде познато и кога за прв пат официјално ќе се одржат овие игри кои ќе имаат различна структура од традиционалната Олимпијада.
„Оваа одлука на Меѓународниот олимписки комитет е донесена со цел останување во чекор со дигиталната револуција“, изјави претседателот на организацијата, Томас Бах.
Како потсетување, во минатото беа организирани Вритуелната олимписка серија во 2021 година и Олимписката „е-спорт“ недела во 2023 година на која учествуваа повеќе од 130 играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА