Историја на „Кале“: Феникс 2010 го елиминираше Пелистер за финале во Купот

Феникс 2010 испиша историја во Купот на Македонија откако се пласираше во големото финале, елиминирајќи го АБА2-лигашот Пелистер со триумф од 86-79. Скопјани и битолчани одиграа одличен натпревар во кој акцентот беше ставен на одбраната, а лимитирањето на изгубените топки во последната четвртина на „виолетово-жолтите“ пресудија за сензационален триумф на избраниците на Денис Дервишевиќ.

Двата тима ја користеа транзиицјата за лесни поени на отварањето на средбата, а добриот ритам продолжи низ целата прва четвртина. Пелистер се потпре на обидите за три, а Феникс 2010 го имаше мотивираниот Хот во рекетот. „Виолетото-жолтите“ успеаја да ја сопрат играта „два на два“ на противникот, го исконтрилираа скокот па ја превземаа резултатската иницијатива, а со тројката на Митревски со звукот на сирената стигнаа и до највисоките 26-17 по 10. минути игра. Добрата одбрана на избраниците на Дервишевиќ продолжи да биде фактор на мечот, а Феникс 2010 продолжи и со добрата игра во нападот па стигна и до највисоката предност од 37-21. Сепак агресивната одбрана на Пелистер вроди плод, пожртвуваноста на Стајиќ донесе две тројки во низа за бекот па „зелено-белите“ се вратија на едноцифрена негатива. Хот одново го наруши ритамот на противникот со две тројки во низа, но одговори и Хаџифејзовиќ со своја серија па на полувремето на семафорот стореше предност од само еден напад за скопскиот тим (47-44).

Хаџифејзовиќ донесе водство за Пелистер на отварањето на второто полувреме, но Трајковски не дозволи серија на противникот. Феникс 2010 ја врати предноста, а во четвртината во која акентот беше ставен на одбраната. Двата тима промашува и зицери, а благодарение на тројката на Димчевски, Феникс 2010 беше оној кој имаше предност од 66-63 пред одлучувачката четвртина. Во неа двата тима разменуваа тројки, a по неспортската лична грешка на Карпентер Феникс 2010 дојде до преднсот од два напада, а тешко стекнатата предност ја задржа и до крајот. Победникот го реши Димечвски со нова тројка на 64 секунди пред крајот за предност од 84-78, а сите надежи на Пелистер ги запре Митревски со блок над Стајиќ на 24. секунди пред крајот.

Со по 18 поени лидери на Феникс 2010 беа Трајковски и Хот кои забележаа и дабл-дабл учиноци проследени со 13, односно 10 скока. Дабл-дабл од 16 поени и 10 асистенцции постигна и Митревски. 25 поени и 6 скока за Пелистер постигна Хаџифејзовиќ, а 16 поени и 7 асистенции Карпентер.

Се вчитува...