Историја – Прва дама во Ферари

Маја Веуг стана првата жена која се избори за место во академијата на Ферари за возачи и така влезе во историјата на програмата за „Ѕвезди во подем“ која заеднички ја спроведуваат Ферари и Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).

Веуг на картинг патеката ги победи Доријан Пин, Антонела Басани и Џулија Ајуб, пренесува Си-Ен-Ен. Од почетокот на натпреварувањето на Формула 1, само две жени учествувале во трки. Марија де Филипс во 1958 година и Лела Ломбарди во 1975.

 

Се вчитува...