ИСТОРИЈА: ШКЕНДИЈА обезбеди европска есен! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија испиша историја откако стана само вториот тим во нашата независност кој успеал да обезбеди европска есен. Тетовци вечерва славеа и на гостувањето во Букурешт кај ФЦСБ овојпат со 1-2 и со тоа и дефинитивно обезбедија лигашки дел во едно од трите натпреварувања во Европа.

Први на натпреварот се заканија домаќините во 10. минута кога од непосредна близина новата аквизиција на Романците, Бирлигеа стрелаше со глава, но топката помина над голот на нашиот голман Гаје.

Само четири минути подоцна нашиот шампион се закани откако по една полуконтра одлично се снајде Бесарт Ибраими, но малку фалеше да ја затресе мрежата на противникот.

По неколку неискористени полушанси на двете страни, домаќините успеаја да стигнат до водство од 1-0 преку Чисоти во 28. минута. Сепак, само пет минути подоцна тетовци успеаја да ја вратат предноста во двомечот, откако по еден карамбол во противничкиот шеснаесетник Љатифи се снајде најдобро за 1-1.

Во вториот дел Шкендија беше подобар противник и повеќе од заслужено стигна до триумф од 1-2 со погодокот на Ване Крстевски во 87. минута.

Во 3. квалификациско коло тетовци за противник ќе го имаат Карабах од Азербејџан.

Се вчитува...