Шпанија е фудбалска велесила со децении наназад, а токму оваа земја ќе испише историја како прва во Европа што ќе постави жена на претседателската функција во фудбалската федерација.
Марија Ангелес Гарсија „Јаје“ќе биде нова предводничка на шпанската куќа на фудбалот, откако единствена поднесе кандидатура за претседателската функција во пропишаниот рок. Шпанците се во потрага по нов лидер на федерацијата откако Рубиалес беше сменет поради скандалот со бакнување на шпанска фудбалерка по освојување на титулата, а неговиот наследник Педро Роша доби суспензија од две години што неодамна стапи на сила.
Сите заинтересирани кандидати имаа рок до синоќа во 23.59 часот да поднесат кандидатура, а до федерацијата пристигна само онаа на Ангелес Гарсија, која беше потпретседателка во последниот борд на директори под водство на екс-претседателот Педро Роша.
Со оглед на фактот дека таа нема противкандидати, согласно статутот нема ни да има потреба да се чека следното Собрание закажано за 7 октомври, туку Марија Ангелес ќе биде именувана за нова претседателка на Фудбалската Федерација на Шпанија на 27 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА