Историја: Три генерации на семејството Малдини – стрелци за Милан

Даниеле Малдини донесе предност на Милан на гостувањето против Специја, со што младиот напаѓач со гол го круниса својот прв старт меѓу единаесетмината на „росонерите“ на еден калчолигашки натпревар.

Воедно, тој испиша историја како трета генерација од семејството Малдини кои постинале погодоци во дресот на Милан.

Денешниот гол на Даниел следи 13 години и 179 дена откако неговиот татко Паоло Малдини (сега директор на „росонерите“) за последен пат постигна погодок за Милан (против Аталанта во 2008 година). Неговиот починат дедо Чезаре Малдини својот последен гол за Милан го постигна против Катанија пред точно 60 години и 22 дена.

Се вчитува...