Историја: Виктор Давидовски е првиот Македонец со победа во ТЦР Европа (ФОТО)

Виктор Давидовски испиша историја во автомобилизмот како прв Македонец кој остварил победа на ТЦР Европа откако ова попладне славеше на трката за Големата награда на Франција.

Скопјанецот ја почна трката од пол позицијата, а поради тоа што во TCR Europe на втората трка се вози по обратен редослед, откако во квалификациите беше 10. на втората трка почна од пол позицијата. На првата трка Давидовски стигна до 6 место. како дел од доминацијата на тимот на Come to you.

Македонскиот возач досега беше најдобро пласиран како четврти на патеката Пол Рикар, вчера на првата трка заврши како шести, а денеска стигна до најголемата победа во својата кариера.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TCR Europe (@tcreurope)

Се вчитува...