Шпанска Басконија триумфираше со 94-80 против Лион Вилербан во 26. коло од Евролигата, во меч кој сепак мина во знак на кошаркарот на домашните Коди Милер – Мекинтаер.
Коди Милер запиша историја за Евролигата со нов рекорд во најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување по број на асистенции на еден натпревар. Милер-Мекинтаер на мечот против Лион запиша неверојатни 20 асистенции зад своето име што е нов рекорд на Евролигата.
А, извонредната партија Милер-Мекинтаер ја дополни и со „трипл-дабл“ ефект од плус 11 поени и 11 скока.
𝗔 𝗠𝗢𝗠𝗘𝗡𝗧 𝗧𝗢 𝗥𝗘𝗠𝗘𝗠𝗕𝗘𝗥 for Codi Miller McIntyre and @Baskonia 👇
The assist to become the first player to EVER get 20 assists in a EuroLeague game✨#MotorolaMagicMoment I #HelloMoto pic.twitter.com/pwXQDcFY9W
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) February 8, 2024
Во победата на Басконија одличен беше и Маркус Хауард со 18 поени, додека кај Лион се издвои Џефри Лаверњ со 16 поени и 10 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА