Историја во Ф1: Браќа за првпат ќе возат за еден ист тим

Браќата Шарл и Артур Леклер ќе испишат историја на Формула 1 во петок кога ќе учествуваат во болидите на Ферари на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Абу Даби закажана за 8 декември на патеката „Јас Марина“.

Тоа ќе биде прв пат во историјата на Формула 1 некои браќа како соиграчи официјално да учествуваат во Ф1 викенд.

Шарл Леклер е еден од најдобрите возачи на денешницата, додека неговиот помлад брат е развоен возач на Ферари. Артур Леклер ќе го замени Карлос Саинц на првиот слободен тренинг в петок, завршувајќи ја втората задолжителна сесија за дебитантите на Ферари оваа сезона, според правилата на ФИА.

Прописите на ФИА налагаат дека секој Ф1 возач мора да го отстапи местото на дебитант со помалку од два старта во Гран-при трките. Британецот Оливер Берман, резервата на тимот, не ги исполнува условите бидејќи веќе се тркаше оваа сезона со Ферари и Хас. Бирман го возеше болидот на Шарл Леклер на тренинзите во Мексико, а потоа го замени болниот Кевин Магнусен на Хаас на Големата награда на Бразил.

Како резултат на тоа, Артур Леклер ќе добие можност, што сигурно ќе биде посебен момент за семејството.

Се вчитува...