На натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Сакраменто Кингс, постигнати се дури 351 поен, што е втор најголем учинок во НБА лигата. Кингс после продолженија победија со 176:175, иако две минути пред крајот имаа шест поени негатива, но домаќините не успеаја да го решат победникот.
Натпреварот ако отидеше во трето продолжение, сигурно ќе беше срушен рекордот од 270 поени, кои во 1983 година го поставија Детроит – Денвер (186:184 после три продолженија).
Клиперси два пати пропуштија победа. Првиот пат во регуларниот дел на натпреварот имаа 11 поени предност на три минути пред крајот, а потоа четири напади по ред губеа топки, и му дозволија на гостинот да се врати. Во второто породолжение повторно имаа предност, но и тогаш во последните две минути не постигнаа кош, а Батум во последната секунда не реализираше шут за три поени.
Монк кај Сакраменто беше најефикасен со 45 поени.
UNREAL.
The Kings outlast the Clippers in 2OT to win a THRILLER, 176-175 😱
Game of the year?? pic.twitter.com/Q2ejExq6Iv
— NBA (@NBA) February 25, 2023
Во другите НБА мечеви, само две победи на гостинските екипи. Њујорк триумфираше на гостувањето кај Вашингтон, додека ШАрлот ја совлада Минесота. Голден Стејт без проблеми дојде до победа над Хјустон, а убедлив триумф запиша Милдови на домашен терен против Мајами.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Њујорк 109:115
Атланта – Кливленд 136:119
Милвоки – Мајами 128:99
Чикаго – Бруклин 131:87
Минесота – Шарлот 113:121
Голден Стејт – Хјустон 116:101
Феникс – Оклахома 124:115
ЛА Клиперс – Сакраменто 175:176 (по 2 продолженија)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

