Историја во НБА: Татко и син првпат заиграа заедно (ВИДЕО)

На отворањето на новата сезона во НБА, Лос Анџелес Лејкерс ја победија Минесота  со 110:103 во натпревар кој ќе влезе во аналите на НБА. Имено, тоа беше прв пат татко и син да играат на ист натпревар. Во тимот на Лејкерс играа Леброн Џејмс (39) и неговиот син Брони (20).

Леброн го започна натпреварот во првиот тим и го заврши со 16 поени, две блокади, пет скока и четири асистенции. Синот Брони доби три минути на паркетот и не постигна кош. Тој успеа да фати еден скок. Таткото Џејмс влезе во својата 22-ра сезона во НБА, а Лејкерси го драфтуваа неговиот син иако неговото ниво на игра е, во најмала рака, под знак прашалник.

Во претсезоната Брони имаше само четири поени по меч. Имаше слаб процент на шут, само 30%, и само една тројка од 12 обиди. За споредба неговиот татко имаше 21 поен по меч.


Се вчитува...