Историја за Каират Алмати: Го исфрлија Селтик и првпат ќе играат во групите во ЛШ!

Екипата на Каират Алмати испиша историја откако за првпат ќе игра во групната фаза во Лигата на шампионите. Каират на реваншот на свој терен го елиминираше шкотскиот гигант Селтик по изведувањето на пенали со 3-2, и така се пласираше во најелитното европско натпреварување. Претходно Каират играше во групите во Лигата на конференции, во сезоната 2021-22.

Откако и на реваншот беше без голови како и на првиот меч, и по продолженијата немаше голови, па така по изведувањето на пенали поуспешни домаќините.

Селтик ги промаши првите два пенали, а Каират еден. Во петата серија Маеда не реализираше, со што почна големото славје за тимот од Казахстан. Каират е вториот тим од Казахстан кој ќе игра во ЛШ после Астана која беше во групите во сезоната 2015-16.

Се вчитува...