Членот на АК Охрид, Јован Стојоски го запиша најголемиот успех во историјата на македонската атлетика со освоеното 6. место на Европското првенство до 23 години кое се одржува во Шведска.
Во финалето на 400 метри, Стојоски истрча со време на личен рекорд од 47.01 секунди на крајот стигнувајќи до шестата позиција, а оддалечен само 85 стотинки од пиедесталот. Златниот медал на 400 метри го освои Французинот Фабрисио Саиди пред Британецот Камерун Чалмерс. Бронзата ја освои Италијанецот Брајан Лопез.
Стојоски претходно во полуфиналето трчаше во првата група и со време од 47.02 секунди заврши на третото место, изборувајќи на тој начин место во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА