Македонските мотоциклисти Христијан Бузалковски и Синиша Кочоски запишаа истрија за македонскиот мото-спорт, со обезбеденото место во една од најпрестижните авто-мото трки во историјата „24 часа Ле Ман“.
Кочоски и Бузалковски со својот тим „Уни Серв Мото 82“ од Чешка, обезбедија пласман на главниот настан по вчерашните одлично одработени квалификации. Па, утре (19 април) ќе бидат дел од24-часовниот мото-натпревар на легендарната авто-мото пакета.
Македонците се водечките мотоциклисти во „Уни Серв Мото 82“, максимално придонесувајќи чешкиот тим да обезбеди на престижниот викенд натпревар. И за двајцата ова е прв предизвик од овој тим, но потврдуваат дека се максимално подготвени да го дадат најдоброто заедно со најдобрите од светскиот мото-спорт.
Трката е и дел од Светското првенство во издржливост. Започнува утре од 15 часот, а ќе се вози до 15 часот во недела (20 април).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА