Историја за Струга ТЛ: Со пораз од Есперанж избори место во плеј-офот во ЛК!

Струга Трим Лум се пласираше во плеј-офот во Лигата на конференции, иако вечерва загуби со 2-1 од Есперанж од Луксембург. Стружани ги издржаа жестоките налети на домаќинот во вториот дел, и примија два гола. Но, ова е пораз кој „не боли“ и го носи тимот на Шпетим Дуро до последната фаза пред групите во Лигата на конференции.

Струга ТЛ во првиот дел остана и со 10 играчи во поле, откако беше исклучен Марјан Радески во 15. минута, но веќе во 17. минута Бесарт Ибраими со гол го доближи македонскиот првак до плеј-офот.

Во вториот дел Есперанж фрли се на една карта, нападна, и имаше дури седум обиди кон голот на Ќосевски. Успеа од нив да реализира само една преку Хемкемајер во 70. минута, донесе израмнување. Налетите на Есперанж не прекинаа, а во четвртата минута од судиското надополнување Акаалаиа Еспаранж стигна и до 2-1 и до победата на овој меч, но недоволна да се дојде барем до продолженија. Еден од хероите на Струга ТЛ вечерва е Ведран Ќосевски, со оглед дека домаќините имаа неверојатни 11 удари кон неговиот гол, или вкупно 23 обиди кон голот на гостите од овој натпревар.

На крајот и домашните останаа со играч помалку, откако беше исклучен Новиер поради втор жолт картон во десетата минута од судиското надополнување.

Струга ТЛ во плеј-офот го чека двомеч со исландски Бреидаблик, кој испадна од Лигата на Европа од Зрински Мостар, иако го совлада на свој терен со 1-0. Сепак, првиот меч заврши со победа на тимот од БИХ со убедливи 6-2. Претходно во 2. квалификациско коло, Струга ТЛ го елиминираше црногорски Будуќност.

 

Се вчитува...