Тетовци ни донесоа историја: Прва победа за македонскиот фудбал во групна фаза во Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија стигна до првата историска победа во групна фаза од клупските натпреварувања во Европа за една македонска екипа, откако вечерва на домашен терен славеше над ирски Шелбурн со 1-0 во меч од 2. коло од новата сезона во Конференциската лига на Европа.

Претходно, Вардар во сезоната 2017/2018 беше дел од Лигата на Европа, но во шест натпревари во групната фаза имаше само едно реми и пет порази. Ова е прва победа во групна фаза во европските клупски натпреварувања за една македонска екипа.

Македонскиот шампион продолжи оваа 2025 година да испишува историја. Откако се пласираше во главната фаза на едно европско натпреварување сега стигна и до првата победа. За убава фудбалска есен во Европа…

 

Се вчитува...