Историјата е на страната на есенскиот шампион Барселона

Барселона беше шампион на Шпанија во 12 од последната 21 сезона во Примера, просек што каталонците ќе сторат се за дополнително да го поправат сезонава. Барса е лидер по 18 одиграни рунди со четири бода предност во однос на Реал Мадрид и веќе е јасно дека тимот на Ханси Флик повторно ќе биде есенски првак во Ла Лига.

„Признание“ што само по себе не значи ништо особено, но традицијата вели дека се огромни шансите Барса по есенската да ја освои и онаа најважна титула на крајот од сезоната.

Барса досега има 27 есенски титули, од кои во 18 ситуации стигнуваше и до шампионскиот трофеј. Во последните 13 вакви ситуации, Барса стигна до девет титули, од кои последнаа во која не освои трофеј е во сезоната 2019/20, која беше прекината поради коронавирусот.

Во последните десет сезони во Ла Лига дури осум пати есенскиот шампион останал прв до крајот на сезоната. Исклучок покрај онаа корона-сезона е само уште ланската лига, кога Атлетико Мадрид беше прв по 19 рунди, но на крајот на титулата се радуваше токму Барселона.

Се вчитува...