Историска четврта титула во повеќебој за Симон Бајлс

Американската гимнастичарка, Симон Бајлс е првата жена со четири светски титули во повеќебој. Таа не учествуваше на интернационални натпреварувања од 2016 година. До јануари годинава беше во фокусот бидејќи објави дека била една од сексуално злоставуваните од поранешниот доктор на американскиот гимнaстички тим. Во пресрет пак на Светското првнество во Доха беше примена во болница откако и беше дијагностициран камен во бубрегот.

Сепак успеа да блесна на шампионатот. И покрај грешките во текот на настапот и падот во изведувањето прескок, Бајлс го освои златото пред Јапонката Маи Мураками и пред сонародничката Морган Хард. Таа има 12 златни медали од светските првенства, има вкупно 15 одличја од планетарните шампионати. Таа има и четири златни медали од Олимписките игри во Рио во 2016 година.

 

 

Се вчитува...