Кошаркарите на Феникс санс продолжуваат со слабите игри сезонава во НБА лигата, откако синоќа тие беа поразени на домашен терен од Мемфис гризлис со 112-119.
И покрај поразот на тимот од Аризона, вечерта ја одбележа Кевин Дурент кој натпреварот го заврши со 34 поени, со што стана само осмиот играч во историјата на најсилната кошаркаска лига во светот кој стигнал до бројката од 30.000 поени во регуларниот дел од сезоната. Кај победникот најпрецизен беше Жа Морант со 26 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната програма: Филаделфија – Торонто 103-106, Индијана – Њујорк 115-128 и Чикаго – Детроит 92-132.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

