Кошаркарките на Бадел во третиот обид стигнаа до првата победа во регионалната ВАБА-лига, откако македонскиот вицепрвак заслужено славеше на гостувањето против Бановичи во БиХ со убедливи 57-70.
Како пресудно се покажа одличното прво полувреме во кое македонскиот тим целосно го диктираше темпото, во раната фаза поведе со 6-18, за на одмор да замине со уште поубедливи 20-38. „Баделки“ потоа рутински ја одржаа предноста во второто полувреме, за заслужен триумф на овој натпревар.
Најефикасна во таборот на Бадел беше Ивана Кметовска со 24 поени и 6 скокови, Александра Стојановска реализираше 18 поени, а Цветанка Димовска пак запиша дабл-дабл од 16 поени и 10 скокови (плус три асистенции).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА