Историска сензација: „Аматерскиот“ шведски тим доминантно до шампионска титула и место во ЛШ

Мјалби приреди невидена сензација во шведскиот фудбал освојувајќи ја титулата во домашното првенство со што воедно си загарантира и место во Лигата на Шампионите за прв пат во историјата.

Клубот кој е од рибарско село со само 800 жители во последниот натпревар го совлада Гетеборг со што ја задржа предноста од 11 бодови на лидерската позиција на табелата и направи недостижна разлика пред самиот крај на сезоната.

Успехот да биде уште поспектакуларен го прави фактот дека тренерот на Мјалби е директор во локалното училиште, а главниот скаут по професија поштар.

Овој клуб пред неполна деценија беше пред крах и испаѓање во четвртата лига, а сега го приреди најголемиот успех во шведскиот фудбал.

Се вчитува...