Лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен има отворен пат кон трофејот во Купот на Германија, откако во полуфиналето е „сам“ заедно со уште три нисколигаши, односно две екипи од втората Бундеслига, и еден од третата лига.
Вчера Сарбрикен го совлада Борусија Менхенгладбах, и го продолжи сензационалниот пат во Купот, откако претходно го елиминираше гигантот Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт.
Баер Леверкузен е единствениот кој ја има „честа“ да ја претставува Бундеслигата, нешто што не се случило никогаш во историјата на Купот. Ова е историска сезона во Германија, откако Леверкузен е блиску да дојде до првата титула во историјата, а сега историја се случува и во Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА