ЖФК Истатов стигна до историска титула за себе и за својот град, Дојран, освојувајќи ја првата титула во историјата по триумфот во фудбалскиот шампионат во женска конкуренција.
Фудбалерките на Истатов и официјално го добија пехарот за освоеното првенство, сега подготвувајќи се ова лето за настап во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во последното коло, тимот на селекторот Кирил Изов славеше со 3-2 против АС јунајтед, со погодоците на Петровски и Јаковска, која стрелаше во два наврати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА