Историска тужба: Бара отштета затоа што не се сеќава дека освоил Светско првенство!

Стив Томпсон има 42 години, тој го освои Светското првенство во рагби, но не се сеќава на денот за кој многу други спортисти можат само да сонуваат.

“Јас воопшто не се сеќавам на тој период. Не се сеќавам дека некогаш сум бил во Австралија”, изјави Томпсон за Гардијан за освоената титула.

Томпсон успеа да стане светски шампион со Англија во 2003 година, но тој настан e „избришан“ од неговата меморија. За жал, Стив страда од деменција предизвикана од удари во главата, кои ги има добиено за време на неговата професионална кариера.

“Ги гледам снимките од натпреварот и ништо не ми е јасно. Тоа е како да ја гледам сегашната репрезентација. Се гледам себеси на теренот и не можам да се сетам што сум правел таму”, додаде Стив Томпсон, на кого му е дијагностицирана деменција оваа година.

“Би сакал никогаш да не станев професионален играч. Жалам што не ја завршив кариерата порано. Можеби мојата дијагноза сега не би била толку тешка … Некои луѓе сакаат слава, јас никогаш не го посакував тоа. Повеќе би сакал да водам нормален живот”, рече Томпсон.

Англискиот рагби репрезентативец вели дека има проблеми и со говорот, размислувањето, како и напад на паника, а тој не е единствениот рагбист кој има вакви проблеми поради бројните удари во главата во текот на неговата кариера. Заради ова, Стив заедно со уште седум рагбисти донеле одлука да поднесат тужба, а истата ја испратиле кон рагби организацијата и бараат отштета, но засега нема индиции дека ќе добијат парите.

Се вчитува...