Финалето во Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ ни носи спектакл во салата „26ти Април“ во Гевгелија каде вечер од 19 часот и 30 минути силите ќе си ги одмерат бранителот на трофејот МЗТ Скопје и на големо задоволство на домашната публика, домаќинот Кожув.
Аеродромци на доминантен начин се пласираа во големото финале, совладувајќи ги вечниот ривал Работнички и вицешампионот Пелистер со вкупно 49 поени разлика па во финалната битка во која воедно имаат цел да ја продолжат аеродромската доминација влегуваат како апсолутен фаворит.
На Кожув кој атакува на првиот трофеј во својата историја за историска вечер ќе му биде потребен „џокер“, а тоа несоменео е гевгелиската публика која во минатото често докажуваше дека го сака спортот и знае како „шетти играч“ да ги бодри своите омилени кошаркари до успех.
Очекувањата се преполна сала на југот на Македонија и голема поддршка за Кожув кој со самиот влез во финалето веќе го повтори најголемиот успех кога станува збор за Купот на Македонија. Единствениот пат кога гевгеличани се бореа за трофејот беше пред точно една деценија кога во четвтфинлето го скршија сонот на аеродормци за Куп трофеј во својот дом совладувајќи го фаворитот во трилер завршница во СЦ „Јане Сандански“, но немаа сили за триумф и над Работнички во финалето.
Како загревање за очекуваното финале ќе биде натпреварот во женската конкуренција во кој од 17 часот силите ќе си ги одмерат Вардар и Баскет Кам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА