Историска вечер за Кари: Ги однесе Вориорс до трофејот, запишувајќи се и во НБА-историјата

Голден стејт е новиот НБА шампион! Во шестиот натпревар од финалната серија, Голден стејт славеше на гостински терен над Бостон со 90-103 завршувајќи го на тој начин финалето со 2-4 во победи.

Најдобар поединец на Вориорс беше Стеф Кари со 34 поени, седум скока, седум асистенции, две украдени топки и една блокада, кој и првпат во кариерата е прогласен за МВП на финалето.

Кари со ова се запиша во историјата како еден од 11 кошаркари кои освоиле МВП признание за регуларната сезона, МВП на финалето и МВП на Олстар натпреварот. Во уште поелитно друштво зе запиша и затоа што е само седми кошаркар во историјата на лигата со барем четири шампионски титули и две награди за најкорисен играч во регуларната сезона.

Се вчитува...