Историска вечер за Лајлс и Џексон на СП во атлетика

Неверојатна вечер ни понудија спринтерите на 200 метри на Светското првенство во атлетика кое се одржува во американскиот Јуџин. Домашниот атлетичар Ноа Лајлс стигна до златниот медал на оваа делница со неверојатно постигнување од 19.31 секунда што е четвртото најдобро време во историјата на оваа делница.

И сребрениот и бронзениот медал останаа во САД, откако се најдоа на градите на Кенет Беднарек и новото чудо од дете, Еријон Најтон.

Кај дамите трка за историја истрча, Јамајчанката Шерика Џексон. Таа до златото стигна со време од 21.45 секунди што е второ најдобро време во историјата и само 11 стотинки послабо од светскиот рекорд на легендарната Флоренс Грифит Џојнер. Сребрениот медал го освои втората Јамајчанка, Шели Ен Фрејзер Прајс, додека со бронза се закити Британката, Дина Ашер Смит.

Актуелната олимписка шампионка, Илејн Томпсон-Хера заврши како седмопласирана.

Се вчитува...