Историската бламажа на Американката и донесе речиси два милиони евра

Американската тенисерка Аманда Анисимова доживеа вистинска катастрофа во финалето на Вимблдон губејќи од фаворизираната полската тенисерка Ига Швјонтек без освоен гем со 6-0, 6-0.

Дебаклот на Анисимова е еден од најлошите резултати во историјата на тенисот. Имено, во опен ерата, никој никогаш не победил со 6-0, 6-0 во финале на Вимблдон, а за овој резултат се чекаше од 1911 година кога Доротеа Ламберт Чемберс ја победи Дора Бутби со 6-0, 6-0.

И покрај историската бламажа американската тенисерка заработи 1.75 милиони. Освојувачката на трофејот Ига Швјонтек пак заработи околку 3.5 милиони евра.

Се вчитува...