Историски дебакл на Лејкерс, Вембењама броеше до 40 (ВИДЕО)

Она што се случи ноќта помеѓу вторник и среда ќе влезе во сите анали на НБА, но на начин на кој никој во Лос Анџелес не го посакуваше. Сан Антонио Спарс ги декласираа домашните Лејкерси со резултат од 136:108, но резултатот остана во сенка на историското понижување што го доживеаа домаќините во првите 24 минути од натпреварот.

Тимот од Лос Анџелес прими 84 поени во првото полуфреме. И тоа е официјално најлошиот дефанзивен настап на екипата во историјата. Статистичарите пресметаа дека Лејкерси во 6138 натпревари во својата историја, никогаш не дозволиле да примат толку многу поени за едно полувреме. Досегашниот нивен негативен рекорд беше 82 поени.

Главен виновник за оваа историска бламажа на Лејкерс е Виктор Вембењама. Французинот постигна 37 поени за само едно полувреме, а до крајот стигна до бројката 40, затоа што беше и на поштеда.

Лејкерси играа без своите први ѕвезди Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Индијана 134-137 (по прод.)

Хјустон – ЛА Клиперс 102-05

Феникс – Далас 120-111

ЛА Лејкерс – Сан Антонио 108-136

Се вчитува...