Манчестер јунајтед се пласираше во четвртото коло од ФА Купот на Англија откако „црвените ѓаволи“ славеа со убедливи 4-0 на домашен терен над Ридинг. Вејн Руни ќе го памети засекогаш овој меч, откако со голот со кој јунајтед поведе со 1-0 англискиот репрезентативец го израмни рекордот на Сер Боби Чарлтон од 249 погодоци во дресот на Манчестер јунајтед.
Руни стигна до оваа бројка за само 543 натпревари, или дури 215 средби помалку од она што му беше потребно на Чарлтон, кој последниот погодок за „црвените ѓаволи“ го постигна во 1973 година. Големиот ас со тоа достигна уште еден рекорд на легендарниот англиски репрезентативец, откако Руни претходно го мина Чарлтон и како најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација, стигнувајќи до 53 гола во репрезентативниот дрес (Боби Чарлтон имаше 49).
Жозе Мурињо направи девет замени во стартниот тим во однос на последниот меч со Вест хем во Премиер-лигата, но тоа не се одрази врз играта и резултатот, со оглед на фактот дека Јунајтед со леснотија ја продолжи својата победничка серија. Неколку минути по голот на Руни на 2-0 зголеми Марсијал, а во вториот дел два пати меѓу стрелците се запиша и младиот Рашфорд, четвртиот гол постигнувајќи го по катастрофалната грешка на гостинскиот голман Ал Хабси.
Единствен проблем за Мурињо ќе претставува повредата што во првото полувреме ја заработи Рохо, поради која аргентинскиот интернационалец најверојатно ќе го пропушти дербито со Ливерпул закажано за следниот викенд.
Wayne Rooney Super Goal HD | Manchester United… by footballTV
Манчестер Юнайтед – Рединг 2-0. Мартьяль by footballderby
Marcus Rashford Goal HD – Manchester United 3-0… by ak-productions
Marcus Rashford Super Goal HD | Manchester… by kivancyildirim791
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА