Историски камбек на Бохум: Од 0-3 до опстанок во Бундеслигата

Бохум приреди историски камбек во разигрувањето за место во Бундеслигата надоместувајќи негатива од три гола по првата средба во двомечот.

Фортуна Диселдорф имаше предност од 3-0 по првиот натпревар, но не успеа да ја сочува предноста пред своите навивачи. Бохум преку Хофман кој постигна два гола во 18. и 66. минута и Стогер кој ја затресе мрежата во 70. минута од белата точка изедначи на 3-3 па победникот беше одлучен по пенал-рулет.

Во него победникот беше одлучен во седмата серија во која трагичар за домашниот тим беше Такаши Учино кој ја прати топката над пречката.

Се вчитува...