Украинската атлетичарка Јарослава Махучик го собори светскиот рекорд во скок во височина, стар цели 37 години.
На митингот од Дијамантската лига во Париз, Украинката денеска прескокна 210 сантиметри, и конечно соборувајќи рекордот на Стефка Костадинова која во Рим во 1987 година прескокна 209 сантиметри.
Јарослава буквално ја збриша конкуренцијата денеска. Најпрво прескокна 207 снтиметри, а потоа одлучи да оди на 210 сантиметри. И уште во првиот обид испиша историја, потврдувајќи ја својата доминација во овој спорт…
Here’s the moment Yaroslava Mahuchikh 🇺🇦 broke the women’s High Jump World Record (WR) with a stunning 2.10m at the Paris Diamond League!
The previous record by Stefka Kostadinova 🇧🇬 has stood for 37 years.🤯🔥🔥pic.twitter.com/vFdiV3kehS
— Track & Field Gazette (@TrackGazette) July 7, 2024
Второто место денеска во Дијамантската лига го освои Австралијката Олислагерс со 201 сантиметар, а трета заврши Србинката Топиќ, ќерка на легендарниот Драгутин Топиќ, која прескокна 198 сантиметар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА