Лошата серија на натпревари за Интер на домашен терен продолжи и по 30. коло од Серија А и натпреварот против Монца во кој „нероаѕурите“ загубија со 1-0.
Тоа е трет пораз од 1-0 на Интер на домашен терен во последните три натпревари, три натпревари во кои тимот на Симоне Инзаги не успеава ни да постигне гол, нешто што му се случува на италијанскиот гигант прв пат во историјата.
Надевајќи се на лесен натпревар против Монца, Инзаги ги одмараше главните играчи за реваншот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите, а и покрај тоа што дел од нив добија шанса во второто полувреме, не успеаја да го доведат својот тим во позиција за бодови.
Со новиот кикс Интер останува на петтото место на табелата, на два бода зад Рома и Милан во местата кои водат во Лигата на Шампиони следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА